Николовски: Во експресен рок донесовме решение за забрана на работа и покренавме постапка пред ОЈО за случајот со Д-р Асани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски во „10 Минути“ на ТВ21 разговаравме и за скандалот со директорот на струшката болница д-р Мухамед Асани кој во неговата нерегистрирана гинеколошка ординација, со години извршувал прегледи без дозвола.

Вицепремиерот Николовски вели дека во експресен рок е поведена соодветна постапка согласно сите процедури.

„Во експресен рок донесовме решение за забрана на работа и покренавме постапка пред Основното јавно обвинителство и како и за сите други случаи согласно конексот ќе следат соодветни санкции“, посочи Николовски.

Тој испрати порака дека граѓаните мора сите овие случаи да ги пријавуваат.