Ништо не е тешко доколку сакате: Со 98% оштетен вид има три факултетски дипломи со просек десет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неговиот вид е оштетен 98%, но има три факултетски дипломи: Театарска Драматургија, Академија за филмско сценарио и Новинарство. Станува збор за Даниел Шикоски од Струга, првиот театарски режисер со посебни потреби во последните 50 години во земјата, кој дипломирал со просек 10. Тој сега е при крај на магистерски студии по театарска режија.

Неговиот оштетен вид не го спречува да ја постигне својата цел. Тој вели дека сака да докаже дека лицата со попреченост можат да бидат успешни и независни.

Дваесет и седумгодишниот Шикоски работи како чувар во „Порака Нова“. Државата дава бенефиции за вработување на инвалиди, но само во фабриките. Според него, потребни се измени во Законот со цел еднаков пристап на пазарот на трудот.

Инспирација за неговиот живот е драмската уметност. Режирал два филма, напишал две драмски книги и е дел од драмското студио „Миладин“ Струга.
Пораката на Шикоски е општеството да им даде еднакви можности на лицата со попреченост кои се образовани и имаат социјални и работни вештини за живот и самостоен живот.