Ниските каматни стапки ќе бидат мотив за граѓаните кои сакаат во иднина да инвестираат во берзата. Но, директорот на Македонска Берза, Иван Штериев, ја потенцираше и потребата за зголемување на каматните стапки на банките, кои се ниски, за потоа да се инвестира во хартии од вредност. Ова, според него ќе резултира и со зголемување на цената на акциите на берзата во земјата.
Директорот на Компанијата за менаџирање на инвестициски фондови, Лазе Камчев, рече дека граѓаните бараат алтернативи за да штедат и дека со намалување на каматите, тие ќе може да инвестираат на берзата преку купување на акции.
Вицегувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, истакна дека депозитниот потенцијал овозможува зголемување на интересите, што влијае и на економскиот раст на земјата.
Учесниците на дебатата оценија дека граѓаните сега за сега повеќе ги претпочитаат банките, затоа што на тој начин штедат и имаат поголеми добивки од високите камати. Според статистиките 40 проценти од граѓаните штедат и тоа се смета за долгорочна инвестиција. За овие прашања се дебатираше на дебатата на тема „ Време за ниски каматни стапки“, организирана од Македонската Берза и економското списание „Економија и Бизнис“.
