Ниту еден позитивен случај помеѓу учениците – малку родители одбиле да дадат дозвола за тестирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во посебни простории во училиштата почна скринингот  на учениците за Ковид 19. Први се тестираат учениците од гимназијата Зеф Љуш Марку и средното медицинско училиште Панче Караѓозов.

Тестирањето го спроведуваат мобилни екипи на ИЈЗ Скопје а како што велат епидемиолозите, процедурата трае само една минута е “не е воопшто болна“. Резултатите излегуваат за три минути а до сега ниту еден  ученик не добил позитивен резултат.

Директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу рече дека родителите добро го пречекале  скринингот и немало тешкотии во текот на  добивањето дозволи за тестирање. Малкумина од родителите одбиле, велејќи дека го поминале вирусот и затоа нема потреб а, вели Салиу.

Во  9 средни училишта во Скопје се тестирале 258 ученици а на територија на државата вкупно ќе се тестираат  8200 ученици. Скринингот ќе продолжи во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци,  Пехчево, Старо Нагоричани и Центар Жупа.

Целта е рана детекција и евентуално откривање на асимптоматски носители на вирусот Ковид 19 меѓу учениците. Со релевантни податоци ќе с  е добие целосна слика за трансмисија на вирусот во училиштата.