Гаши за уставните измени: Разговараме на највисоки можни нивоа, бараме само начин за гаранција дека ќе бидат последно барање за прашањата на идентитетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека во последните 3-4 месеци се интензивирани напорите за спроведување на уставните измени, со што на земјата би ѝ се отворил патот кон Европската Унија.

Гаши вели дека разговорите се водат на највисоки нивоа и се надева дека од нив ќе произлезе позитивен резултат.

„Во последните 3-4 месеци имаше многу повеќе средби и иницијативи отколку, можеби, во изминатите две години заедно. Одиме по тој пат. Наш приоритет останува Европската Унија. Знаеме дека уставните измени се пречка. Бараме само начин како да најдеме гаранција, предвидливост дека уставните измени што ќе ги направиме, односно со кои и Бугарите ќе ги внесеме како етничко малцинство во Уставот, ќе бидат последното барање што се однесува на прашањата на идентитетот. Мислам дека разговараме на највисоки можни нивоа. Да се надеваме дека ќе има позитивен резултат“, изјави Гаши во „Клик плус“.