Ниту еден против кандидат за претседател не отиде на трибината организирана од Арбен Таравари во Тетово. Сепак кандидатот за претседател на коалицијата ВРЕДИ трибината на тема „миграцијата на младите“ ја одржа со младите.
„Реално јас очекував барем кандидатот Албанец да дојде, бидејќи сите емигрираат и сите знаат, но врз основа на податоците кои ги имаме, главно мигрираат Албанците. Сметав дека г. Османи денеска требаше да биде овде пред младите, пред невладините организации, да ги истакнеме причините поради кои се случува овој феномен. Овој феномен е глобален, не е само во Македонија, но во Македонија се случува во голема мера за разлика од другите земји“.
Прашан и за судската постапка за партијата Алијанса за Албанците, Таравари истакна дека се врши притисок од Министерот за правда, Кренар Лога.
„Една судијка беше сменета пред 7-8 дена, назначена е друга судијка, сега се врши енормен притисок од министерот Лога. Има барање за промена на втората судијка, а пред 3-4 дена предметот и е даден на втората судијка. Доколку се назначи трет судија, повторно ќе бараме промена на третиот. Изгледа ќе треба да се погоди судијата кој им одговара на нив. Да не се мачат, повторно ќе има жалба, ми изгледа како лоша драма. Доколку сакат да излезат сами, јас сум подготвен да ги потпишам листите и да ги доставам во ДИК“.
Министерот Лога ги негираше овие тврдења на Таравари в четврток.
Инаку Таравари рече дека ќе продолжи со трибини, а најави дека следната дебата ќе биде на тема корупција и изрази оптимизам за присуството на неговите против кандидати.
