Сите оние кои биле во контакт со заболена пациентка во болницата во Кавадарци, засега се негативни на коронавирусот. Венко Филипче вели дека за голем дел од нив резултатите се дефинитивно, а за дел ќе се потврдат за 14 дена.
„Заврши испитувањето во Кавадарци, ниту еден од одделението за психијатрија нема позитивен тест. Согласно времето кога е остварен контакт, за дел од нив се смета дефинитивен резултат, а за дел за кои е потребно подолго време, ќе треба 14 дена да се завршат тестирањата. Одделението е затворено, делот е дезинфикциран, останатиот дел од болницата работи нормално.“, рече Филипче.
