Ниту за довербата во судството, ниту за Апелација – премиерот не сакаше да коментира ништо околу правосудниот систем

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека нема намера да се меша во работата на судството, ниту пак да ја коментира ниската доверба на граѓаните во обвинителството и правосудството. Не планира да се меша ниту во тоа кој обвинител во кое обвинителство се назначува, ниту пак кој судија во кој суд, бидејќи, како што вели, тоа е надлежност на правосудниот систем.  

На прашањето дали ќе го отстрани министерот Никола Тупанчевски од Министерството за правда, доколку продолжи хаосот во правосудниот систем, Ковачевски вели дека не е планирана реконструкција на Влада. Сега е период кога се подготвуваме за следната година.

Од Ковачевски беше побарано и да ја прокоментира одлуката на Апелација за укинување на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“на Сашо Мијалков, но претседателот на Владата одби да даде било каков коментар, упатувајќи ги новинарите одговор да побараат од правосудните органи.