Нобеловката од Јужна Кореја ја одби формалната конференција и прослава поради војните

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јужнокорејскиот писател Хан Канг, добитник на Нобеловата награда за литература за 2024 година, одби да одржи свечена прес-конференција, наведувајќи ги како причина глобалните трагедии од украинско-руската војна и израелско-палестинскиот конфликт.

Нејзиниот татко, Хан Сунг-вон (85), кој исто така е познат романсиер, ја пренесе својата порака за време на прес-конференцијата во книжевното училиште Хан Сунг-вон во Џангхеунг, провинцијата Јужна Џеола, во петокот, објави Кореја Тајмс.

Тој извести дека Хан му рекла дека бидејќи војната се влошува и луѓето умираат секој ден, таа не може да има прослава или конференција поради Нобеловата награда.

„Нејзината перспектива се префрли од писателка која живее во Кореја во глобална (писателска) свест. Сепак, не можев да се ослободам од чувството дека сум татко на добитникот на наградата кој живее во Кореја, па на крајот ја организирав оваа прес-конференција“, додаде тој.

Хан го замолила нејзиниот татко да не организира свечен прием во книжевното училиште.

„Планирав да имам дочек овде за мештаните, но ќерка ми ми рече да не го правам тоа. Таа рече: „Те молам, не слави додека сме сведоци на овие трагични настани“, изјави таткото.

Хан доби признание за „нејзината интензивна поетска проза која се соочува со историска траума и ја разоткрива кревкоста на човечкиот живот“, објави во четвртокот Нобеловиот комитет.

Родена е во 1970 година во Јужна Кореја, каде што живее и денес.

Кариерата ја започна во 1993 година, а нејзиниот „голем меѓународен пробив“ дојде со романот „Вегетаријанец“. Романот, објавен во 2007 година, ги прикажува насилните последици што се јавуваат кога главниот лик Јеонг-хе одбива да се усогласи со нормите, се вели во соопштението.