Нормализиран сообраќајот на ГП „Блаце“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Властите во Косово објавуваат дека системот за регистрација на влез и излез на граничниот премин Елез Хан-Блаце е повторно во функција, после падот на системот кој се случил претходно, јавува ТВ21.

„Ве известуваме дека на граничниот премин Елез Хан-Блаце, во 14:15 часот, системот на МВР и полицијата е прилагоден и циркулацијата е започната според системот за влез/излез“, велат од Националниот центар за гранично управување на Косово.