Норвешкa отфрла дебата за членство во ЕУ: „Тоа ќе донесе нови поделби“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Норвешка, Јонас Гар Сторе, истакна дека неговата земја не треба повторно да го покренува прашањето за потенцијално членство во ЕУ во време на зголемени геополитички тензии поради ризикот дека тоа само ќе донесе повеќе поделби во општеството.

„ЕУ е политички многу важна и ние би сакале многу блиско партнерство со неа, но Норвешка веќе двапати гласаше за членство во Унијата“, изјави Сторе за Блумберг.

Норвешка одржа референдуми за членство во ЕУ во 1972 и во 1994 година, но граѓаните и на двата со мнозинство гласови се изјаснија „против“ членство на земјата во Унијата.

Според него, ова прашање носи големи поделби и поларизација во општеството, а моменталниот момент не е таков да е потребно, бидејќи треба да се стремиме кон единство.