Нов инцидент во Балтичкото Море: Пресечен подводен кабел за струја, тревога во Финска и Естонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Подводниот кабел за напојување што ги поврзува Финска и Естонија не е во функција од вчера . Гардијан пренесува дека ова го соопштил финскиот премиер Петери Орпо.

Британскиот весник наведува дека ова е последен во низата инциденти поврзани со кабли, гасоводи и нафтоводи во Балтичкото Море. Арто Пахкин, менаџер на финската електроенергетска мрежа „Фингрди“, за јавниот медиумски сервис изјави дека не е исклучено да се работи за саботажа. Премиерот Орпо рече дека снабдувањето со електрична енергија во Финска не е загрозено.

„ Властите остануваат будни дури и за време на Божиќ и истражуваат што се случило “, напиша Орпо на социјалната мрежа Х.

„Фингрид“ изјави дека во средата бил прекинат кабелот „ЕстЛинк 2“, кој ја снабдувал Естонија со струја. Се потсетува дека минатиот месец беа исечени два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море, кои ги поврзуваа Шведска и Данска. Сомнежот брзо падна на кинескиот брод „Џи Пенг 3“, кој, според податоците од веб-страниците за следење на бродовите, во моментот на нивното сечење бил над каблите.