Америка гласаше и по втор пат го испрати Доналд Трамп во Белата куќа.
Републиканскиот кандидат оваа прилика ја најави со говор од Флорида каде порача дека ќе ја „излечи Америка“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше меѓу првите што зборуваше на платформата Х, каде индиректно го привлече вниманието на Трамп на тоа што оваа земја очекува од него.
-Честитки за најголемото враќање во историјата! – напиша Нетанјаху,
– Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка, но и моќна посветеност на големиот сојуз меѓу неа и Израел, додаде премиерот на Израел.
Недолго по Нетанјаху, зборуваше и францускиот претседател Емануел Макрон.
– Подготвени да работиме заедно како што работевме во првите четири години од вашиот мандат. Со твојата и мојата посветеност. Во почит и амбиција. Со повеќе мир и просперитет – напиша Макрон.