Нов потрес во Турција со јачина од 4,9 степени, бројката на жртви надмина 8.700

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утрово во 8:48 часот регистриран е уште еден потрес во Турција со јачина од 4,9 степени. ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 40 километри, 26 километри од градот Гоксун во кој живеат 34.200 жители.

Во понеделникот Турција ја погоди разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, а подоцна и 7,5 степени. Спасувачките тимови и натаму бараат преживеани под урнатините а бројот на мртвите после разорните потреси надмина 8700 лица.

Екстремниот зимски студ дополнително влијае на потрагата. „Афтершоковите“ и натаму се присутни во Турција, а тлото никако не мирува. Од понеделникот до сега се регистрирани повеќе од 125 земјотреси со јачина над 4 степени.