Нов рекорд на новозаболени во САД, вкупниот број на позитивни случаи поголем од 3,1 милиони

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

САД во четвртокот забележаа нов црн рекорд во дневниот број на заразени со коронавирусот, со повеќе од 65 илјади случаи за 24 часа.

Вкупниот број на позитивни случаи во Америка сега изнесува повеќе од 3,1 милиони лица. Од почетокот на епидемијата починаа повеќе од 133 илјади лица. Најмногу смртни случаи забележани се во Њујорк (32.283 пациенти).

Бројот на случаи на коронавирус во Светот ја надмина бројката од 12 милиони.