Неофицијални информации на ТВ21 говорат дека компанијата Синохидро која го гради автопатот Кичево-Охрид бара продолжување на рокот за изградба до 2026.
За да ги потврдиме овие информации се обративме до заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, но не кажа дали оваа компанија испратила такво барање до министерството но рече дека рокот за завршување на автопатот е до 2023.
Беким Реџепи: Проектот за таа делница треба да заврши до 2023 согласно договорот со компанијата.
-Ги отфрлате тврдењата дека ќе се продолжи рокот?
Беким Реџепи: Во договорот пишува дека до 2023 треба да заврши проектот.
Во емисијата Клик Плус градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари зборуваше за одговорноста на Ејуп Рустеми и Благој Бочварски за доцнењето на изградбата на автопатот. Рече дека тоа им штети на бизнисите и ги загрозува граѓаните во сообраќајот.
„Се претера со доцнењето, јас Фатмир Дехари се обратив до една од институциите, Агенцијата за патишта. г. Ахмети назначи директор на Агенцијата за патишта, Ејуп Рустеми кој директно е одговорен заедно со министерот за транспорт“, вели Фатмир Дехари.
Заменик министерот за транспорт, Реџепи исто така рече дека се работи интензивно и на изградбата на автопатот Букојчани-Гостивар кој ќе се поврзе со коридорот 8.
Овие коментари Реџепи ги даде при почетокот на работите за канализација во општина Пласница која достигна вредност од 170 илјади евра со финансии од Светска банка.
