Тетовец измамен за 3.000 евра: Платил аванс за стока која не му била испорачана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетовец останал без 3.000 евра откако платил аванс за стока која, според пријавата во полиција, не му била испорачана, а парите не му биле вратени.

СВР Тетово поднело кривична пријава против М.С. (39) од Турција, со престој во Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според пријавеното, случајот се случил на почетокот на јануари годинава во продажен објект во Тетово. М.С. се договорил со 59-годишен жител на градот да му продаде стока, по што купувачот му исплатил 3.000 евра како аванс.

Останатиот дел од договорената сума требало да биде исплатен откако стоката ќе биде доставена.

Но, стоката не била испорачана, а авансот од 3.000 евра не му бил вратен на оштетениот.

За случајот СВР Тетово поднело кривична пријава против 39-годишниот М.С.