Само месец дена по катастрофалниот земјотрес, нов силен земјотрес утринава околу 09:50 часот повторно го потресе Загреб.
Земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтер, јавуваат од Хрватската сеизмолошка служба.
Од таму додаваат дека веднаш потоа следувале два помали потреси од кој првиот во 09:52 часот со јачина од 2,3, а вториот во 09:59 часот со јачина од 1,2 степени.
Епицентарот бил во областа на Маркушевец.
