Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува со одлична форма на почетокот од новата сезона, откако денеска стигна до убедлива победа на полумаратонот во Дубровник. Овој триумф доаѓа само една недела по неговиот голем успех на белградскиот маратон.
Ивановски ја истрча патеката од 21 километар за 1:06:30 часа, што му обезбеди доминантна победа пред конкуренцијата.
Зад него на целта пристигна Силвије Томас од Хрватска со време 1:14:05, додека трет беше неговиот сонародник Жељко Цота со 1:14:23. Македонецот имаше предност од речиси осум минути пред второпласираниот, што ја потврдува неговата доминација на трката.
Ивановски само минатиот викенд настапи на 39-тото издание на престижниот Белградски маратон, каде што го освои второто место со време од 2:09:35 часа, продолжувајќи ја својата серија на врвни резултати.
