Нов удар за Украина: Фицо рече „не“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот на Словачка Роберт Фицо го коментираше можното членство на Украина во НАТО и изјави дека тоа нема да се случи додека тој е на власт во Словачка.

Дополнително, Фицо рече дека во име на владата ќе го блокира секој обид на Украина да влезе во НАТО.

– Сè додека сум на чело на словачката влада, ќе упатувам пратениците кои се под моја контрола никогаш да не се согласат за членство на Украина во НАТО – изјави Фицо.

Малку порано Фицо се осврна и на односите меѓу Словачка и Русија, нагласувајќи дека ќе направи се за да ги обнови економските и другите врски со Русија.

Според основачкиот договор на НАТО од 1949 година, одлуките за проширување се носат со „едногласна спогодба“, што значи дека неговото противење на влезот на Украина во алијансата навистина може да го блокира нејзиното членство барем до крајот на сегашниот мандат на словачкиот лидер во 2027 година. Други проруски членки на НАТО, исто така, може да се обидат да ги спречат аспирациите за членство на Украина.

Тој ја спомена и улогата на руските и советските трупи во ослободувањето на Словачка од нацистите за време на Втората светска војна.

– Слободата дојде од исток. Апсолутно ништо не може да ја промени оваа вистина – заклучи тој.