Нов закон за „Фер ангажман“: Владата таргетира формализација на над 17.000 работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Формализацијата на сивата економија е еден од врвните приоритети на Владата, со цел зајакнување на економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и подобра заштита на работниците, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на презентацијата на Законот за работно ангажирање лица во Владата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година околу 85 илјади лица работеле неформално, што, како што посочи Дурмиши, бара системски и применливи решенија.

Новиот закон воведува поедноставени и дигитализирани процедури за легално ангажирање, без губење на постојните права за вработените, невработените, студентите, пензионерите и корисниците на социјална помош.

Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите со најизразена сива економија, при што се очекува формализација на околу 17.400 лица, најмногу во земјоделството, туризмот, угостителството и услугите. Законот се применува од 1 јануари 2026 година, а Министерството ќе спроведе и кампања за негова промоција под мотото „Фер ангажман“.