Нов Зеланд и Самоа ја дочекаа Новата година! – Со спектакуларен огномет во Окланд испратена 2020 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новата година пристигна во Нов Зеланд, а спектакуларен огномет се одржа во Окланд на полноќ.

Поради пандемијата што го погоди целиот свет во текот на 2020 година, оваа година беше веројатно најтешката година во животот на многумина.

Затоа целиот свет со нетрпение го чека заминувањето на старото, и доаѓањето на новото во 2021 година. Некои земји на планетата веќе го прославија доаѓањето на 2021 година.

Иако станува збор за пандемија, голем број луѓе решија да ја дочекаат Новата година надвор и да уживаат во спектакуларниот огномет, почитувајќи ги епидемиолошките мерки и носејќи маска.

Сепак, многу земји во светот го откажаа дочекот на отворено. Улиците ќе бидат пусти на новогодишната ноќ, а жителите ќе можат да гледаат огномет од нивните топли домови.

За потсетување, првите земји што ја прославија Новата година беа островската земја Самоа и делови од Кирибати.

И двете земји беа отсечени од светот поради пандемијата КОВИД-19, поради што прославите не беа вообичаени. Самоа и Кирибати во моментов се затворени за туристи, а немаше огномет на полноќ по локално време.