Нова бугарска декларација – бугарски академци бараат да ја има и во официјалните документи на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Бугарија се најавува нова, уште поостра Декларација со седум услови кои треба да ги исполни Македонија за да може да добие поддршка од Бугарија.

Зад оваа декларација стои нов иницијативен комитет од осум бугарски научници, кои бараат сите партии кои учествуваат на изборите да ја поддржат.

Во него се наведени барања како услов за поддршка за почеток на преговорите на Македонија и тоа:

  • законски гаранции дека Договорот за добрососедство и обврските ќе бидат почитувани
  • откажување од малцински и територијални претензии
  • рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам кои наводно имале бугарска самосвест
  • промена на наставните програми во Македонија
  • отстранување на знаци и натписи и придржување кон клаузулата утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји за официјалниот јазик на Република Северна Македонија.

Оваа декларација се бара да се најде и во официјалните документи на Европската унија.

Прв оваа декларација ја потпиша Красимир Каракачанов од ВМРО-БНД.

„За жал гледаме одредени политички партии кои се стремат кон парламентот, го вртат грбот и даваат ветувања за кои никој не ги овластил“, изјавил Каракачанов.