Почна изградбата на социјални станови во Кичево, жителите излегоа на улица за да го спречат почетокот на работите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите од кичевската населба Ивандол излегоа на улица за да ја спречат изградбата на една зграда. Тие ја спречија машинеријата да почне со работите за изградба социјални станови во оваа населба. Револтираните граѓани бараат наместо зграда, да се изгради градинка, училиште или амбуланта.


-На истото место нека изградат градинка, амбуланта, нека не ни носат луѓе со кои не можеме да се разбереме.
Тие велат дека за нивното барање одамна го известиле градоначалникот дури и неколку пати потпишале петиција за забрана на проектирањето на зградата.

Жителите во присуство на полицијата дебатираа со компанијата од Битола која требаше денеска да започне со работа.
-Не може тука да правите што сакате, зошто не прават таму долу?
По дебатата компанијата се повлече бидејќи жителите не дозволуваа да се качат горе и да започнат со работа.


Изградбата на социјалните станови е усвоена во Советот на општина Кичево од минатиот состав. Проектот е финансиран од ЕУ во соработка со општина Кичево во вредност од 800 илјади евра.