Во пожар кој избил денеска на железничката станица во Раковица во близината на Белград, едно лице загина, пренесуваат српските медиуми.
Неофицијално, се запалила локомотива која пренесувале деривати. Некои медиуми јавија дека до локомотивата за време на пожарот, имало уште неколку лица.
Телото на жртвата е предадено на обдукција, која ќе утврди како настанала смртта.
Ова е нова трагедија на железничка станица во Србија. На 1 ноември падна настрешница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, а денеска уште една девојка им подлегна на повредите.