Исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември, нова владина помош за поддршка на работните места, платите на вработените во стопанството. Владата ќе инјектира 70 милиони евра во стопанството и компаниите. Предложеното законско решение од страна на Министерството за финансии вчера беше усвоено од страна на Владата. Следниот чекор ќе биде негово усвојување во парламентот. Ова ќе биде можност компаниите кои имаат намален приход од над 80 проценти да можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари додека компаниите со намален приход до 30 или 40 проценти ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен.
„Ликвидноста на Буџетот е во состојба да ги исплати сите обврски кои ги има Владата кон сите Буџетски корисници…. Граѓаните не треба воопшто да се грижат и компаниите во однос на исплатите“, посочи Димитар Ковачевски.
Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 7-ми во месецот за претходниот месец. Корисници можат да бидат фирми кои имаат најмалку 30 % пад на приходи во периодот од април до октомври 2020 година. Од организацијата на работодавачите реагираат, помошта да биде еднаква за сите.
„Кога се работи за помош од државата секогаш сум да таа биде фер и еднаква за сите. Да не биде тоа конкуренција кој дошол прв услужен, туку да се види колку државата располага со средства“, вели Ангел Димитров.
Деновиве и Светска Банка предупрреди дека мерките на Владата треба да бидат целни
„Интервенциите на владата се потребни во моментов и треба да бидат целни, особено треба да се имаат предвид најранливите категории“, посочи Масимилиано Паолучи.
Инакусо предложеното, фирмите кои аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година. Работодавачите кои користат финансиска поддршка, нема да смеат да го намалуваат бројот на вработени два месеци по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со месец февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, и слично. Во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделена превидени се и глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.
