Новата привремена влада на Бугарија најави дека нема да го тргне ветото за Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Привремената влада на Бугарија објави дека нема намера да го тргне ветото за Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Бугарија минатата година стави вето за официјалниот старт на преговорите поради спорот околу историјата и јазикот.

Софија обвинува дека Македонија не го почитува договорот за добрососедство од 2007 година.

„Позицијата на Бугарија во врска со овој проблем беше прифатена со консензус на сите политички партии во парламентот. Како привремена влада, ние немаме овластување да го промениме тоа“, изјави новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, но додаде дека ќе направи напори да продолжи дијалогот со Скопје.

„Отсега, сè е во рацете на властите во Македонија. Тие многу добро ја знаат бугарската позиција и не би требало да шпекулираат дали таа ќе се промени во наредните два-три месеци“, рече Стоев.

Бугарија денеска доби привремена влада на чело со Стефан Јанев, откако ниедна партија не успеа да договори коалиција по изборите на 4 април. Поради тоа, претседателот Румен Радев закажа нови избори на 11 јули.