Првото интервју на новата заменик претседателка на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска го даде за ТВ21.
Каранфилова-Пановска одговори на прашањето што ја очекува партијата во следниот период.
„Мојата главна амбиција е зошто се нафаќам, затоа што сметам дека СДСМ треба да се возобнови, и дека треба да биде една граѓанска опција. Мрежите кои ги носам и дома и надвор, може да бидат една голема предност за партијата. Може да дадат еден нов квалитет на начинот на кој се работи во СДСМ, и мислам дека со мојот избор можеби дури граѓанското општество ќе почувствуваат дека во партијата имаат партнер“, рече Каранфилова-Пановска.
Зошто Каранфилова-Пановска се нафати да биде во политиката?
„Мојот краток одговор би бил дека сметав дека имам обврска пред самите себе и пред граѓаните и државата, дека мора да бидам дел од процесите ако сакам нешто да се промени. Секогаш е полесно да седите на страна и да коментирате дека треба да направите нешто“, рече заменик претседателката на СДСМ.