Нови детали за ужасот во Гњилане: Полицајката ги нашла безживотните тела на родителите, па потоа пукала во браќата!?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера во Гњилане се случи убиство, во кое првично беше објавена дека полициска службеничка ги убила своите родители, двајцата браќа, а потоа и се самоубила.

Сега се појави нова верзија во која се вели дека полицајката ги нашла најпрво безживотните тела на родителите, а потоа ги убила браќата, па се самоубила.

Според сведоштвата на соседите, вчера околу 13 часот полицајката Владете дошла во семејниот дом и ја затекнала ситуацијата.

Сепак, овие сведоштва не се официјално потврдени.