Нови докази во судењето против Ѓоко Ристов: Вештакот тврди дека записите на скриените пари ги напишала мајката на судијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На последното судско рочиште против обвинетиот судија Ѓоко Ристов, вештакот на одбраната, Емилио Фришчиќ, сведочеше дека ракописот на белешките со износите, пронајдени покрај еврата соѕидани во куќата на неговите родители, ѝ припаѓа на мајката на судијата, Донка Ристова.

Обвинителката Искра Хаџи-Василева го оцени вештачењето како професионално, но го окарактеризира како обид на одбраната да го прикрие фактот дека на фолиите во кои биле завиткани парите била пронајдена ДНК на судијата.

Во меѓувреме, таткото на сопругата на на Ристов сведочеше дека финансиски помогнале со 70 илјади евра за купување на станот на брачната двојка, додека одбраната соопшти дека сè уште не успева да стапи во контакт со клучниот сведок, бизнисменот Љупчо Пецов – „Ѓаволот“.

Одбраната продолжува да тврди дека парите ѝ припаѓаат на мајката и дека обвиненијата против судијата се неосновани.