Нови експлозии во Русија предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај на југот на земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Возовите на југот од рускиот Воронежски регион денес беа запрени поради оштетување на железницата, објави на Телеграм шефот на регионот, Александар Гусев.

„Неколку возови беа запрени на дел од железничката пруга на југот од Воронежската област. Машиновозачот на еден од нив забележал мали 
оштетувања на пругата“, напиш Гусев, пренесува РИА Новости.

Гусев додаде дека во инцидентот нема жртви.

Причината за инцидентот ја истражуваат службите за итни случаи, според агенцијата.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација известува дека утрово, како резултат на детонација на експлозивна направа непосредно пред поминувањето на возот, железничката линија во Воронежската област е оштетена“, се наведува во соопштението.