Ватикан денеска соопшти нови детали околу здравствената состојба на Папата Франциск. Од таму известуваат дека добро спиел, и дека првиот дел од утрото го поминал во одмор.
„Папата спиеше добро, и сега се одмора“, се вели во кратката изјава.
Прес-службата во средата вечерта соопшти дека здравствената состојба на Франциск се подобрува во изминатите 24 часа.
„Благара бубрежна иснуфициенција забележана во последните денови, стивна“, се вели во соопштението, каде се додава дека тестовите од крвта го покажале подобрувањето.
Папата Франциск останува на терапија со кислород со висок проток, но досега не доживеал никакви респираторни кризи слични на астма.
