Новиот вид на коронавирусот, кој е откриен во Британија, присутен е и во Ирска, но не е единствената причина за зголемото ширење на епидемијата, поради која ќе бидат воведени построги мерки од оние направени пред 24 часа, соопштија од националниот штаб за јавно здравство.
„Сите индикатори на епидемијата се во пораст, и растат многу брзо. Ескалира и нашата загриженост“, рекол главниот медицински соведник во Ирска, Тони Холохан.
Властите во Ирска од утре наредија затворање на рестораните, пабовите и некои продавници.
