Новите имиња на улиците создаваат главоболка кај граѓаните, пропуштаат термини за лични документи оти на некој не му се работи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради променети имиња на улици, граѓаните се приморани да вржат и промена во личните документи. Но на веќе закажаните термини за фотографирање во МВР, немаат целосна документација, па терминот мора да го одложат за друг ден. Ова на кратко е голготата низ која поминуваат голем дел од граѓаните кои отишле да извадат пасош или нова лична карта, бидејќи нивното име на улица било сменето.

„Што правиме ние што Коце ни смени адреси, а Петре ни ги врати. До каде сме.“.

Во понеделникот бев за лична карта кај Беко. Службеничката кажа дека за некои улици МВР им ги вметнала промените во системот и дека очекуваат и други. Проверувај до каде се со промените, можеби и твојата е внесена.

За да го извадат уверението од Градот граѓаните мора да приложат имотен лист не постар од 6 месеци кој чини 250 денари и да платат такса 50 денари. Притоа уверението не се издава веднаш на шалтерите во барака 16, туку се чека од 5 до 10 дена. Од МВР велат дека со одлука на Град Скопје променети се имињата на скопски улици, при што се селектирани 185 нови улици за кои е потребно Уверение од Град Скопје со цел утврдување на моменталната состојба со името на улицата со цел надминување на проблемите кои биле воочени веднаш по примената на имињата на новите улици.

„Интересот на граѓаните е најважен. Не политичкиот интерес. За мене барем како човек и политичар е многу поважно што ќе направиме за граѓаните отколку да артикулираме некаков политички интерес и сега дали улицата ќе се вика Аминта Трети или ќе се вика не знам како, на крајот од краиштата тоа носи штета кај граѓаните наместо политичка корист. Зошто штета, затоа што ги наведувате граѓаните на промена на лични документи во краток временски период итн.“, рече Спасовски.

Од Град Скопје велат дека барање за издавање на уверение за точна адреса е составен дел на управна постапка, согласно тоа и согласно член 93 од Законот за општа управна постапка, управната постапка во прв степен, поведена по барање, се издава најдоцна во рок од 30 дена од денот на нејзиното поднесување.

„Имајќи го предвид карактерот на документот, од страна на Секторот за Комунални работи при Град Скопје, истото се изготвува за 3 до 5 работни дена, а доколку треба дополнителна документација или увид на лице место рокот може да се пролонгира.“, велат од Град Скопје.

Имињата на улиците во Скопје прво беа сменети во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски. Со доаѓањето на функција на Петре Шилегов беа вратени старите имиња на улиците, а дел од улиците добија и нови имиња.