Новите пожарникари на Тетово – обука за гаснење пожар и посредување во итни случаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова се новите тетовски пожарникари.

Откако беа примени на работното место, тие сега минуваат низ интензивна обука за гаснење пожари, реагирање при поплави, сообраќајни несреќи или други катастрофи.

Меѓу новите пожарникари се и Авни и Ваљзон

„Почнавме со тоа како да ги поврземе цевките, да пуштиме цевки, што мора да има пожарникар или пожарникарски тим за да учествува во акцијата. Денеска е 16-ти ден и задоволни сме што инструкторите не обучуваат. Ние сме обучени за сообраќајни несреќи, како треба да се постапува. Обучени сме за интервенции при пожари на отворено, во куќи, во станови, качување по скали во високи згради до 15 метри“, вели Ваљзон Османи.

„Имавме обука за гаснење пожари во куќи, научивме како се вадат жртви од автомобили, многу работи што треба да ги знае еден пожарникар. Имаме добри инструктори кои не подготвуваат да бидеме добри пожарникари. Верувам дека сме подготвени, 70-80% добро се подготвивме. Според инструкторите кои не оценуваат, ние сме подготвени. Опремата е донекаде доволна, учевме за извлекување на жртвите“, додава Ибрахим Рушани.

Командантот на Единицата Авни Амети вели дека во оваа единица првпат се спроведува ваков вид обука од основната фаза, а потоа се продолжува со различни специјализации.

„Денеска се практикува прва помош, исто така и во иднина со Црвениот крст тетовските пожарникари ќе продолжат да се обучуваат за прва помош. Имаме и инструктори кои се специјализирани од „Операција Флоријан“ и Дирекцијата за управување со кризи, кои обучија инструктори за спасување од вода, пожари, сообраќајни несреќи и се што вклучува работата на пожарникарите овде. Сега се вклучени 22 курсисти кои сега се примени на работа, а ќе бидат вклучени и тетовските пожарникари со различни вежби“, вели Авни Амети.

Инструкторот Фариз Џемаили вели дека дел од обуката било и извлекување на настрадани од автомобили, а апелира до граѓаните и полицајците во вакви случаи да не преземаат нешто, туку да ги повикаат пожарникарите.

„Имало случаи кога ако ги извадите погрешно, може да и предизвикаат на жртвата инвалидитет. Апелирам, при секоја сообраќајна несреќа, апелирам до граѓаните и до полицијата, тие мислат дека добро прават, ги извлекуваат жртвите пред да стигнеме ние, грешка е затоа што многу луѓе погрешно ги извлекле, а  до ден денес останале инвалиди. т.е. подобро е да ни се јавите, ние сме професионалци, знаеме како да ја извлечеме жртвата и гарантираме дека жртвата е во сигурни раце“, додава Фариз Џемили.

Во месеците март и мај следната година се очекува да започне обука од страна на англиски инструктори за припадниците на Противпожарната единица, спасувачки акции во вода и отстранување на опасен отпад.