Запалено возило во Штип повторно, овојпат на поранешниот началник на СВР, Боби Гидиоски.
На паркингот пред станбена зграда на улицата „Ванчо Китанов“ во Штип, синоќа било опожарено возило марка „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки. Настанот бил пријавен во Полициската станица во Штип пет минути по полноќ.
Возилото е во сопственост на ќерката на Гидиоски, но било користено од него. Ова е второ опожарување на возило во Штип во последните три дена, а четврто во помалку од два месеци.
Претходно, во октомври беше запалено возилото на управителот на регионалната телевизија М-Нет, а потоа гореше и автомобил во населбата Балканска. Пред два дена беше опожарено возило на улицата „Сремски фронт“.