Гоце Трајковски и натаму недостапен да сведочи за грабнувањето и убиството на Вања – Судот: Не престојува на адресата по лична карта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Кривичен суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со испитување на сведоци. Еден од сведоците требаше да биде Гоце Трајковски, но тој останува недостапен за органите на прогонот.

Трајковски не бил на адресата која му е во лична карта, и нема направено ажурирање на адресата, соопштија од ОБвинителството.

Имено, Обвинителството претходно брифираше дека Трајковски е во бегство, откако е осуден за друго кривично дело – опожарување на кафуле во Кисела Вода, за кое ТВ21 пишуваше пред неколку дена.

Судијата Ивица Стефановски на денешното рочиште рече дека Судот ќе се обиде да го обезбеди Трајковски.

„Овој суд ќе се обиде исто така да го обезбеди Трајковски. Јас ќе се обидам да направам барање од судот. Ако не успееме и ние, тогаш ќе бараме да се прочита неговиот исказ даден во Обвинителството“, рече Стефановски на денешното судење.

Денеска покрај Трајковски, треба да сведочат Елвис Ибрахим и Тодорче Георгиевски.