Нухиу соопшти за осум жртви од сообраќајната несреќа на автобусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, соопшти дека има осум загинати во денешната сообраќајна незгода која се случи на автопатот Скопје – Тетово кога автобус излета од патот и се преврте во близина на автопатот.

Тој на новинарите на лице место им рече дека според неговите сознанија, има осум загинати од превртениот автобус.