Обезбедено сместување и соодветна грижа за семејството од Гостивар, чиј дом изгоре во пожар утрово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Членовите на семејството што остана без дом по пожарот утрово во стаnбeна зграда во Гостивар, ќе бидат згрижени и сместени во живеалиште кое го обезбеди Центарот за социјална работа – Гостивар.

Од Министерството за труд и социјална политика во врска со денешниот случај во Гостивар, информираа дека Центарот за социјална работа – Гостивар веќе обезбеди сместување и соодветна грижа за членовите од семејството кои настрадаа во опожарениот стан.

– Од страна на стручниот тим на ЦСР Гостивар, а во соработка со Општина Гостивар обезбедено им е сместување и потребни услови за живот. Истовремено им е пружена психосоцијална помош и поддршка. Досега во ЦСР Гостивар не се пристигнати никакви пријави или информации за каков било тип на родителска негрижа, злоупотреба или несовесно однесување кон кое било од децата во семејството, нaвeдуваат од Министерството.

Во евиденцијата на ЦСР Гостивар, ова семејство не било корисник ниту na едно право или, пак, услуга од социјалната и детската заштита. Стручните тимови на ЦСР Гостивар се во постојана комуникација со МВР и ОЈО и ги преземаат сите мерки што се во нивна законска надлежност.

Од Министерството за труд и социјална политика побара од ЦСР Гостивар детално да го испита случајот во врска со семејството и состојбата на децата, по што ќе бидат преземени соодветни мерки во интерес на децата.

Во пожарот што утрово се случи во зграда на улицата „Кеј Вардар“ едно дете почина, а неговата 35 годишна мајка се задоби со повреди. Од ОЈО обвинителство покрена истрага по првичните сознанија дека детето за време на пожарот било врзано со синџир. Според исказите на родителите, тоа го правеле поради неговата агресивност. Во тек е истрага која ја води екипа на МВР за да се утврдат причините за пожарот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: