Обилни врнежи од дожд во Косово и Хрватска – поплави во некои општини и голема материјална штета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обилните врнежи на Косово предизвикаа поплави на територијата на општините Ѓаковица и Ораховац, причинувајќи материјална штета.

Портпаролот на косовската полиција за регионот на Ѓаковица Шеремет Елезај за Радио Слободна Европа изјави дека во овие две општини се оштетени неколку куќи и автомобили, додека граѓаните засега се безбедни.

Косово беше погодено од дождливо време и удари од гром.

Повеќе градови и региони во Хрватска се соочуваат со невреме и поплави од кои се предизвикани големи штети, јавуват тамошните медиуми.

Метеоалармот предупредува дека делови од земјата денеска се во црвена зона. Времето е исклучително опасно во Кварнер и на западниот брег на Истра.

Целиот брег, Далмација и регионот Госпиќ се во портокалова зона, а копнениот дел е во жолта.