Објавена пресудата за „Организатори на 27 април“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судечкиот совет предводен од судијата Илија Трпков, денеска ја објави пресудата за случајот „Организатори на 27 април“.

Вељановски, Ристевски, Јанкиески и Атанасовски се прогласени за виновни за организирање на упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та година.

  • Трајко Вељаноски – казна затвор 6 години и 6 месеци
  • Миле Јанакиески – казна затвор 6 години и 3 месеци
  • Спиро Ристовски – казна затвор 6 години и 3 месеци
  • Владимир Атанасовски – казна затвор 6 години

На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството смета дека обвинeтите се виновни за организирање на настаните на 27 април 2017 година, додека пак адвокатите бараат ослободителни пресуди.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.