Нема ништо спорно што се градат згради над илирските гробишта, изјави министерот за култура, Зоран Љутков, во емисијата Дејли клик на ТВ21. Тој додава дека локацијата на која е пронајдена плочата „Дарданус“ е окарактеризирана како движно наследство и дека како резултат на тоа, по направените испитувања, може да се гради на тоа место.
Додека заменик министерот за култура, Садат Сулејмани, нема информации за станбените згради кои се градат на овој археолошки локалитет во Скопје.
„Во врска со тоа, прашања добив и од други новинари, но ги упатив да се обратат до Министерството за култура“, вели Садат Сулејмани.
– Прашавме пред речиси една недела.
Верувам дека ќе се испочитуваат законските рокови и ќе добиете одговор.
-Колку дена треба да чекаме за одговор?
За 15 дена мора да ви одговорат.
-Како заменик министер, што ќе направите во врска со ова?
Не знам, немам никакви информации, станува збор за проект кој започна пред јас да станам заменик министер и немам детали во врска со тоа.
Од друга страна, првиот вицепремиер, Изет Меџити, рече дека коалицијата ВРЕДИ ова го покренало како прашање во владата и ќе видат што можат да направат за да го зачуваат наследството на оваа земја.