Претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска во Македонија. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а почести се очекуваат во попладневните часови и во текот на ноќта.
Минималните температури ќе се движат од 5 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 11 до 16 степени. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта, проследен со слаб северен ветер.
Во следните денови се очекува дополнително влошување на временските услови, со пообилни врнежи од дожд и пониски температури.
Од средината на следната недела ќе настапи стабилизација, со суво, но постудено време.
