Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 3 степени.
