Образование со политичко влијание, наставниците се жалат за падот на квалитетот на образованието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ветераните на образованието сметаат дека наставата на албански јазик во Македонија не е на потребното ниво и дека денот на наставникот – 7 март станал само симболика. Падот на квалитетот, според поранешниот наставник, Хасан Јашари е резултат на претераното политизирање на сите нивоа на образованието, недостигот на адекватни услови, недостигот на учебници.

„Секако дека образованието е политизирано со оглед на тоа дека градоначалникот им наредува на директорите преку СМС да одат на политички собири, тоа е политизирање на образованието. Директорите и наставниците се заложници на градоначалникот, потпретседателот на партијата и заложници на партијата која е на власт, а ова појава еднаш засекогаш треба да се стопира.“, вели Јашари.

Дека образованието во земјава е во многу лошата состојба се согласува и наставникот Сатки Исмаили, кој додава дека состојбата може да се промени само преку деполитизирање на образованието и подигнување на општествената свест.

„Доколку ние се залажуваме себеси дека можеме да го направиме тоа, но за жал, има пад во образованието, станува збор за образование на кое треба повеќе да се посветиме. Не е само 7 март за да ни дадат поддршка, треба подолго, позицијата, состојбата на образованието на албански јазик, посебно последните години, има пад и виновници сме сите ние и сите фактори кои влијаеја во тоа, има застој и треба општествена сензибилизација за да им се отвораат очите на сите фактори за да влијаат образованието на албански јазик да чекори по вистинскиот пат. Политиката е таа што ги прави сите промени и образованието го држи заложник. Доколку не го ослободиме образованието, да направиме деполитизација на образованието, ќе имаме уште потешка ситуација од сегашната.“, изјави Исмаили.

Наставниците велат дека и слабите резултати на ПИСА тестовите се последица на неказнувањето на директорите, наставниците и на одговорните лица во МОН за не навременото снабдување со учебници.