Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција дало согласност за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков да излезе од притвор и да се брани од слобода.
„Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата“, одговориле за „Фокус“ од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
