Оформен е предмет од страна на Обвинителството за проверка на постапувањето на социјалните работници во случајот, кој после семејно насилство, Ивана Јовановска и нејзината ќерка ги загубија животите по пад од шести кат од зграда во Карпош.
Ќе се проверува дали неправилностите содржат елементи на кривично дело, кое ќе се гони по службена должност.
Обвинителството соопшти дека ќе се постапува врз оснува на информации од медиуми, во врска со порпусти при инспекцискиот надзор на Центарот за социјални работи, пренесува Дојче Веле.
Исто така ќе се вршат проверки и во МВР после информациите кои се појавија дека наводно Стојанче ја турнал Ивана по скалите на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, и дека таа паднала во бесознаение, по што била повикана полиција.
„Запознаени сме за настанот, детално ќе биде проверен од страна на Одделот за внатрешна контрола и ќе ја известиме јавноста“, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Фатмир Лимани, министерот за социјална политика, демографија и млади рече дека инспекцискиот надрзор покажал дека стручните работници не воспоставиле непосреден контакт со жртвата.
„Неправилностите се однесуваат на пропуст во остварување непосреден контакт и увид во домаќинството на жртвата, иако постоеле телефонски и административни контакти“, рече Лимани.
Според МВР, сопругот на Ивана, Стојанче Јовановски имал 10 кривични пријави претходно за различни основи. Тој моментално е во притвор, и осомничен за три кривични дела: наведување на самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.
Од МВР деновиве информираа дека околу два часа пред падот од балконот, сопружниците имале расправија на улица што била пријавена во полиција. Но, кога полициските службеници пристигнале, жената изјавила дека немало физички напад и дека се работело за недоразбирање.
