Македонија од 1 јули ќе претседава со процесот за соработка во Југоисточна Европа. Добрососедските односи, стабилноста, безбедноста и интеграцијата на регионот во ЕУ ќе бидат приоритет за време на мандатот, изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Пендаровски извести дека Македонија во моментов претседава и со ОБСЕ, но изрази уверување дека успешно ќе претседаваат и со оваа иницијатива.
Пред нас со оваа иницијатива претседаваше Црна Гора. Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, зборуваше за важните настани што се случија во регионот за време на претседавањето на Црна Гора со Процесот за соработка на Југоисточна Европа.
„Сараево и Кишињев добија статус на „земји кандидати“, Скопје и Тирана ги почнаа преговори, Приштина доби визна либерализација, Загреб влезе во Шенген и еврозоната, Белград победи во трката за претседавање со светскиот саем „Експо2027“, Љубљана доби статус на земја членка на Советот за безбедност во Обединетите нации“, рече Милатовиќ.
Претседавањето со оваа иницијатива е 1 година, додека претставува важен политички форум насочен кон соработка во повеќе области како што се мирот, безбедноста, стабилноста, економскиот, политичкиот и социјалниот развој на сите земји од регионот. Земјите членки во процесот за соработка во Југоисточна Европа се Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Турција, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Бугарија, Грција, Молдавија и Романија.
