Од 1-ви јуни се „фрлаат“ маските на отворено во Албанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по направената анализа на епидемиолошката состојба, одлучи да ги ублажи мерките воведени заради пандемијата со КОВИД-19.

Во изјава за медиумите, еден ден откако не беа пријавени жртви на коронавирус во Албанија и бројот на нови случаи значително се намали, Комитетот одлучи да ги отстрани маските на отворено од 1 јуни.

„Комитетот смета дека има простор за олеснување на мерките, почнувајќи од први јуни за отстранување на обврската за носење лична заштита на лицето, но останува задолжително во затворен простор и во јавен превоз. Полицискиот час наместо од 22:00 часот ќе почнува од 23:00 и ќе трае до 6 часот, како и до сега“, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.

Според одлуката ноќните клубови и дискотеки и понатаму остануваат затворени а од 15 јуни ќе се дозволи групирање на отворен простор на 15 наместо 10 лица, колку што е сега.

„Доколку епидемолошката состојба продолжи да се подобрува од први јули полицискот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 6 часот. Исто така ќе се дозволи одржување спортски натпревари, тетарски претстави други културни настани и конференции со присуство на со намалени капацитети до 30 отсто од капацитетот според протоколот на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ)“, додаде Ракацоли.