За денеска од 12:30 до 14 часот, е најавен протест пред Владата и МНР. Протестот го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Блокада на Скопје и обединување, за да не биде предоцна!“.
Ова е уште еден од низата на протести организиран од опозицијата. Во претходните денови имаше во главниот град, како и во други градови низ земјава.
Протестот го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Од 12:30 – 14:00 часот, ве повикувам на протест пред Владата и МНР. Блокада на Скопје и обединување, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!“, напиша Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“.